Порта Македонија

Отворена изложба на исламска калиграфија на иранскиот уметник Мохамад Реза Афшари

Уметнички дела на исламска калиграфија изработени на платно и на хартија од иранскиот автор Мохамад Реза Афшари се изложени од денеска до 24 февруари во Порта Македонија.

Иранскиот уметник, кој дипломирал и сега предава на Факултетот за убави уметности на Универзитетот во Техеран, на отворањето на изложбата истакна дека уметноста е дисциплина, но и терапија и дека се темели на три елементи кои се важни фактори за духовно издигнување: хармонија, баланс и ритам. Тие се, исто така, особености и на самиот уметник.

На изложбата се претставени 35 дела за кои, како што изјави Афшари, инспирацијата ја црпи од Куранот, така што и мотивите се, главно, од светата книга. Изложените дела се поделени во два дела – класична калиграфија и модерна калиграфија, изработени на хартија и на платно со употреба на различни бои.

 „Се обидувам делата да бидат поинтересни и попривлечни за секој посетител и да бидат разбирливи за сите јазици и култури. Главната порака во сите мои дела е почитта и мирот“, рече Афшари, кој работи и како инструктор во Иранската калиграфска асоцијација.

Изложбата  ја отвори министерот за култура Хусни Исмаили кој рече дека Персија е колепка на светската цивилизација со култура стара до пет илјади години, а дека изложбата на калигарфската уметност е само мал дел од нејзиното богатство.

„Калигарфската уметност потекнува од појавата на исламот кога го добива значењето и вредноста, почнувајќи со писмото. Калиграфијата е многу важен дел од исламската уметност и веќе 14 века е присутна во животот на муслиманите и во исламските земји, а џамиите се украсени токму со калиграфски уметнички дела“, рече Исмаили.

В.д. амбасадорот на Иран во Скопје, Мехди Мохаведи, рече дека покрај изложбата и програмата на ирански филмови во Кинотеката, од денеска до 23 февруари, во план е и книжевна средба посветена на персиската литература и нејзиниот одраз во иранските филмови. Иранската амбасада во соработка со групацијата „Welcome Macedonia“ ќе организира и утринско кафе на 20 март по повод празникот Новруз – Иранска Нова година.

На Фестивалот на современ македонски и ирански филм од денеска до 23 февруари во Кинотека ќе бидат прикажани осум филмови од иранската кинематографија. Ќе гостуваат и тројца ирански режисери – Сејед Маџид Реза Мостафави – режисер на „Астигматизам“ на 22 февруари и режисерите чии филмови ќе бидат прикажани на последниот ден (23 февруари):  Мохамад Али Саџади – режисер на „Развод заради мачки“ и Алиреза Мотемеди – режисер на филмот „Реза“. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе