Oтворен е конкурсот за Меѓународната ликовна изложба „Флора и фауна извор на животот и убавината“

Министерство за животна средина и просторно планирање, Детски ликовен центар – Скопје и Здружението на ликовните педагози ги покануваат заинтересираните деца, ученици, студенти и ментори-наставници и професори да земат учество на традиционалната 14-та Меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „Флора и фауна извор на животот и убавината – 2020".

„Ве покануваме да учествувате со творби по ликовно образование – уметност на теми од заштитата на животната средина и природата. Подтемата е насловена „Човекот и природа“ со позитивни или негативни примери од вашата непосредна околина – животна средина и природата“, информираат од Детски ликовен центар-Скопје.

Оттаму посочуваат творбите да не бидат врамени и не поголеми од 50х70 см. Краен рок за прием на творбите е до 5 ноември 2020 година, а право на учество имаат категории на возраст од 4 до 24 години, деца од предучилишни установи, ученици од основни-средни училишта, уметнички-стручни училишта,заинтересирани студенти од уметничките и од другите факултети од земјата и странство.

„Право на учество со творби: најмногу до 35 творби од установа преку менторите, најмногу до две творби-индивидуално учество на еден учесник (по потреба со помош и на родителите) прием на творбите по пошта. Ликовните творби учесниците треба да ги испратат до Детски ликовен центар-Скопје, пошт. фах:75, пошта 1020-Карпош 3, Скопје или со задолжително носење на маски може да се достават во Ликовниот центар на први кат-на означено место како и на приземје во холот (б.Другарче) ул.„Никола Русински“ бр.1, Карпош 3- Скопје. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе