ГАЛЕРИЈА НА ЦРТЕЖ

На Биеналето на цртеж на „Остен“ пристигнаа 2.240 дела, а 250 ќе бидат изложени

Завршните настани на официјалната програма на „Остен“ – Биенале на цртеж Скопје 2016 се одвиваат од 15 до 23 декември 2016. Централниот настан ќе се одржи на 22 декември, во Националната галерија – Чифте амам, во 20 часот, каде ќе се одржи голема изложба со дела од над 250 меѓународни уметници, доделување награди на уметниците кои ќе бидат присутни на настанот, а ќе биде промовиран и каталогот на „Остен“ - Биенале на цртеж Скопје 2016.

„Остен“ – Биенале на цртеж Скопје 2016 со секое ново издание станува поуспешно, за што говорат и бројките со пријави од 690 автори од 66 земји од светот и со 2.240 пристигнати дела.

Главните награди на Биеналето, за кои одлучува Бордот и Советот на амбасадори на „Остен“, се доделени на Тони Крег, В. Британија / Германија – Гран при за животно остварување, и Салвадор Дали, Шпанија – Награда Светско културно наследство.

Во соработка со САВУ (Светска асоцијација на визуелните уметности) наградата Уметник на светот се доделува на Јиржи Андерле, Р. Чешка, и Родољуб Анастасов, Македонија.

Огромниот интерес за учество на „Остен“ – Биенале на цртеж Скопје 2016 бараше посебно професионален пристап при процесот на селекција, па тој се одвиваше во три фази – избор на уметници по земји (национални куратори), селекција (селектои) и жирирање (интернационално жири).

Меѓу националните куратори за Македонија е Сафет Ахмети, историчар на уметност, за Србија – Борка Божовиќ, историчар на уметност и директор на галерија „Хаос“, Белград, Србија, за Бугарија – Стоимен Стоилов, уметник од Варна, Бугарија (живее и работи во Виена, Австрија), за Република Чешка – Власта Чихарова Ноширо, историчар на уметност и директор на Галерија на уметничката критика во Прага, Република Чешка.

Селектори се Ник То, САД – ИМАФ (Интернационална фондација за музика и уметност), Џорџ Гутиерез, Колумбија – Арт комплекс „Бејкхаус“, САД, и Мице Јанкуловски, Македонија – „Остен“ Скопје.

Интернационалното жири е во состав Урсула Боде, Германија – новинар и ликовен критичар, Венцеслав Антонов, Бугарија, директор на Меѓународното биенале за графика Варна и Патриција Шнел-Гутиерез, САД, уметник и галерист, известија од „Остен“.

На „Остен“ – Биенале на цртеж Скопје 2016 доделени се следните награди:

Прва награда за цртеж: Ген Моримото, Јапонија

Прва награда за сликарство на хартија: Јошкин Шиљан, Србија

Прва награда за графика: Деница Јанева, Бугарија

Прва награда за оригинално дело: Џоан Белмар, САД

Прва награда за млад уметник: Александра Манѕари, Грција

Наградата „Златен остен“ ја добија: Алтај Алдоган, Турција, Елпида Хаџи-Василева, В. Британија, Мириам Хофер, Германија, Тијана Којиќ, Србија, и Ирена Паскали, Германија.

Посебна награда од жири добија: Блажеј Балаж, Словачка, Пол Меклоски, Ирска, и Марија Алексиева, Бугарија.

Посебно признание од жири добија: Мати Грунберг, Израел, и Маргерита Касара, Италија.

Наградата ИМАФ ја доби Васил Василев, Македонија.

Наградата „Остен“ ја добија Лукаш Богдан, Полска, Мате Ѓорѓевиќ, Србија, Чртомир Фрелих, Словенија, Камелија Отеро, Франција, Едита Патова, Република Чешка, и Катаржина Томашевска, Полска.

Посебно признание од „Остен“ за Легат доби Томијуки Сакута, Јапонија, за Индивидуална колекција – Гидре Ришкуте, Литванија, и за Национална колекција – Република Полска.

На доделувањето на наградите ќе бидат присутни авторите Ген Моримото од Јапонија, Мати Грунберг од Израел, Гидре Ришкуте од Литванија, Камелија Отеро од Франција, Јошкин Шиљан од Србија и Александра Манѕари од Грција.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе