ГРАФИЧКА ИЗЛОЖБА

Изложбата на Ладислав Цветковски во Марибор ќе биде затворена со читање афоризми

Изложбата „Quo vadis, брат Икар?“ на проф. м-р Ладислав Цветковски, која на 7 декември 2016 година беше отворена во Галерија „РРРудолф“ во Марибор, Словенија, ќе биде затворена на 10 јануари 2017 (вторник), во 18 часот, со говори за искуствата од изложбата на д-р Андреј Скрбинек и на Бојана Кос Грабар, како и со читање афоризми.

На изложбата „Quo vadis, брат Икар?“ на проф. м-р Ладислав Цветковски, за првпат во печатена форма, се прикажани дел од плакатите кои досега можеа да се видат на неговиот блог и на неговите страници на социјалните мрежи. Плакатите се дел од неговите проекти „My comment“ и „Црнила“.

Ладислав Цветковски во последните години се изразува преку општествено – социјалниот плакат. Овие визуелни коментари ги објавува на социјалните мрежи. Преку нив сака да даде свој личен коментар на некои универзални појави поврзани со локалниот, но и поширокиот општествено-политички и социјален амбиент.

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе