Изложба на уметникот Решат Амети во Загреб

Во галеријата на Културно информативниот центар на Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Решат Амети со три заокружени циклуси на дела создадени во последните десетина години „Од традицијата" и „Пробив на светлината".

„Сликарот Решат Амети не е непознат на загрепската публика, згора на тоа, има постојан круг пријатели од изложбата во музејот Мимара во 2017 година. Еден од уметниците со значајна меѓународна кариера, овој сликар со адреса во Македонија се избори во своето сликарство за мошне профилиран и препознатлив стилски пресек на трагата на лирската, гестуалната и колористичката апстракција“, пишува историчарката на уметност Ива Керблер.

Решат Амети е роден на 16 мај 1964 година во Гостивар. Моментално работи како професор по сликарство на Факултет за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово и е претседател е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија „ДРАУДАКУМ". Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. д-р Ана Темкова, а постдипломски студии завршил во 2002 година на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во класата на проф. д-р Реџеп Фери.

Амети е меѓународно признаен уметник, носител на Наградата за животно дело на [email protected]. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави итн. Имал над 50 самостојни изложби, организирани претежно во странство.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе