Изложба на дигитални графики од студентите од Факултетот за ликовни уметности

Студентите од Катедрата по графика при Факултетот за ликовни уметности – Скопје денеска организираат изложба на дигитални графики во Сули ан. 

„Овојпат Катедрата по графика ја претставува изложбата „Мултиоригиналите и дигиталното", која е продолжување на неодамна одржаната изложба „Мултиоригинал".  Се одлучивме да претставиме новосоздадени дигитални графики на студентите учесници во проектот: Мирела Имероска, Тамара Марчевска, Милена Петковска, Сара Митковска, Анастасија Пауноска, Викторија Калемџиевска, Михаил Паскоски, Марко Печеновиќ, Ева Симевска и Милица Величковиќ“, соопшти  ФЛУ.

Дигиталните дела се инспирирани од дел од графиките од депото на Катедрата по графика кое можеби ја има и најбогатата збирка на современа графика во земјава. Како што наведува ФЛУ, ова се должи на фактот дека Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, од своето основање во 1980 година, континуирано ја негува графиката како една од основните изразни ликовни/визуелни дисциплини.

Проектот е поддржан од Министерство за култура и е осмислен и организиран од проф. д-р Славица Јанешлиева, проф. м-р Ладислав Цветковски и асс. м-р Ана Спасова. 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе