Изложба на дигитални графики на Билјана Билбилоска

Вечерва во 20 часот во галеријата на Кинотека на Македонија во Скопје, ќе се отвори самостојната изложба „Хоризонтала и вертикала" на Билјана Билбилоска. На изложбата ќе бидат изложени дигитални графики направени во текот на 2019-2020 година, инспирирани од средновековната византиска уметност.

Се работи за спој помеѓу византиската уметност и современите уметнички текови во сферата на графиката, заедно со современите алатки за ликовно изразување.

За изложбата, академскиот сликар Никола Пијанманов вели:

„Овие дела комуницираат со минатите времиња и со техниките на старите мајстори живописци. Затоа се толку длабоки, но во исто време и толку едноставни, како прочистени од талогот на историјата. Стилизацијата на византиската естетика е доведена до совршенство на минималистичкиот уметнички потег. Цртежот е остар и прецизен како напукнат кристал. Но графиките се само навидум црно-бели, колоритот е пригушен и раскошен, суптилно сокриен во енергијата на формата. Овие графики функционираат како современи икони.“

На иста линија рецензира и Мијалко Ѓунисијевиќ, академски сликар, кој вели: „Ова е начинот на кој Билјана Билбилоска се обидува да го сврти вниманието кон една голема традиција која е потребна во ова време повеќе од кога било. Оваа изложба е еден вид мисија што се обидува да нѐ повика кон повторно исчитување на својата традиција на еден современ и пред сѐ, оригинален начин... Билјана не нуди одговори, туку го поставува прашањето: што е тоа канон? Оваа изложба е повеќе платформа за дијалог отколку нудење на некое решение за оваа проблематика.“

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе