Во Националната галерија - Мaла станица

Годишна изложба на ДЛУМ - летопис на македонската уметност

Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја отвори „Годишната изложба" на која учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Изложбата е поставена во Национална галерија објект Мала станица, во Скопје, а доделени се и годишните награди.

Традиционално, Друштвото ги додели нагарадите и тоа: награда за сликарство на Мирослава Микица Трујкановиќ за делото со наслов „Молитвеник за сите", награда за скулптура на Слободан Милошески за делото со наслов „Запознавајќи се себеси" и награда за нови медиуми на Ана Ивановска за делото со наслов „Без здив".

Изложбата ќе биде поставена до 30 октомври, а се одржува под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија и Град Скопје.

„Изложбите на ДЛУМ секога се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност ја организира оваа ревијална изложба. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја презема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори", велат од ДЛУМ.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе