ГРАФИЧКА ИЗЛОЖБА

„Екс либрис“ како показател дека интересот за графиката е во подем

Во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје, во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на 27 ноември (четврток), во 20 часот, ќе биде отворена Втората меѓународна изложба „Екс либрис".

„Прогнозите дека графиката постепено ќе исчезне со експанзијата на дигиталните медиуми, за среќа, не се остварија (таков беше случајот и со појавата на музичките компакт-дискови, кога сите му предвидуваа ’смрт‘ на винилот како носач на звук) и не само што не престана да се произведува, туку интересот за графиката од година в година сѐ повеќе расте. Сѐ додека постои потреба од графика, сѐ додека постојат колекционери и сладокусци и, на крајот, уметници што се занимаваат со овој медиум, сѐ дотогаш графиката ќе егзистира.

Графичкото биенале ’Екс либрис‘ е резултат токму на наведените околности. Ако се земе предвид дека голем број манифестации посветени на графиката полека згаснуваат, тогаш слободно може да се каже дека иницирањето на ваков тип изложби е вистински донкихотовски подвиг. Втората меѓународна изложба ’Екс либрис - Скопје 2014‘ е доказ дека сме на добар пат, особено ако се земе предвид дека оваа година бројот на учесници е зголемен во однос на минатата година: 41 учесник од 11 земји. Застапени се речиси сите традиционални техники, вклучувајќи ја и дигиталната графика. Со оваа графичка манифестација Скопје гордо се впишува во мапата на европските и светски културни случувања…“, напиша Атанас Ботев во предговорот за каталогот на изложбата.

Раководителот на Отвореното графичко студио Атанас Ботев упати и благодарност до Соња Димовска за упорноста во спроведувањето на идејата за реализација на изложбата. Во името на Одборот на Меѓународното графичко биенале „Екс либрис – Скопје“, Ботев му упати честитка и на годинашниот добитник на Гран-при наградата Веселин Дамјанов-Вес од Бугарија.

Т.Д.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе