Денеска во КИЦ

Денови на македонска фотографија

Во Културно информативниот центар – КИЦ во Скопје денеска ќе биде отворено 60-то издание на Денови на македонска фотографија, во организација на Фото сојузот на Македонија.

Посетителите на настанот ќе можат да ги погледнат сите 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од стручното фотографско жири Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски.

Доделувањето на наградите ќе биде во склоп на отворањето на изложбата.

Исто така, како што соопштија организаторите, оваа година за првпат ќе се прикаже проекција на фотографии од македонски автори во период од 1940-1980 година.

Меѓу застапените автори се великаните на македонска фотографија: Благоја Дрнков, Живко Јаневски, Александар Цветиновски, Лазо Величковски, Владимир Плавевски, Роберт Јаки и други.

Изложбата оваа година е дел од манифестацијата „Бела Ноќ" и е поддржана од Министерство за култура како проект од национален интерес.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе