Во кафулето „Бифе Тафталиџе“

Целата уметност е еротска, велат авторите на „Изложба на еротски дела и актови“

Вечерва во „Бифе Тафалиџе" во Скопје се одржа изложба на ликовни дела со еротска содржина. Голотијата е еден од најкомплексните жанрови во уметноста, кон која се посветени и група наши уметници. Авторите чии дела се поставени велат дека се чести обидите да се изедначат порнографијата и еротизмот, две дијаметрално спротивни значења на сексуалноста, но дека еротиката треба да ја разбереме како персонификација на љубовта во сите нејзини аспекти. Но и дека може да се каже дека претставувањето на експлицитен секс не ја исклучува уметноста. А модерното движење во уметноста често пати се поврзува со еротизмот и сексуалната револуција.

Кон изложбата уметниците велат дека иако ликовните дела со еротска содржина во нашата земја не се толку чести, актот односно голото човечко тело, а особено женскиот акт бил инспирација за многу македонски уметници како Никола Мартиновски, Томо Владимирски, Сузана Зафирова, Божидар Дамјановски, Данчо Ордев, Свето Манев, Лазар Личеноски, Димитар Манев, Томо Шијак, Билјана Унковска, Глигор Чемерски и многу други. Исто така во 2013 гoдина во МКЦ самостојно изложува уметницата Билјана Василева, со нејзината колекција на слики насловена „Keep Calm and Have a Vagina". Нејзините слики оставиле силен впечаток и ја разгориле македонската публика.

Овие херои на македонското современо сликарство, храбро ја предизвикуваат нашата пуританска средина и нудат прогресивна уметничка провокација. Слично како и на денешната изложба на еротски дела и актови во „Бифе Тафталиџе", три од вкупно петте учесници на оваа изложба се жени уметници, тоа со зборовите на Билјана Василева „ја потврдува женската вистина дека да имаш вагина и сопствено мислење е моќна комбинација". На изложбата денес се допираат поетските, лирски аспекти на еротизмот, но и садо-мазохистичките содржини.

Снежана Мелник е Украинка која десет години живее и твори во Македонија. Темите на нејзините слики се човечките односи и сексуалноста. Делата се сведени на блага еротика на прв поглед, а на втор, еротиката се губи, каде остануваат само ликовноста и силната естетика и поетичност.

Дарко Богданов е стрип автор и илустратор, а неговиот стил е препознатлив по силната црна линија. Двете илустрации се дел од краток стрип вклучен во новиот стрип албум Аегри Сомниа, по стиховите на Весна Ничевска со лирично-еротска атмосфера.

Весна Ничевска е ликовна уметница која ни ја преточува сензуалноста на машко-женските односи и нивните интимни моменти, низ нејзините акварелни слики, а истовремено и тушот кој често го користи како техника. Самостојно ги изложила нејзините еротски цртежи во МКЦ во 2020 г.

Христина Мазнеска е уметница која работи на дигитални илустрации, а истовремено се бави и со традиционално сликарство. Фокусот на сликите кои ги изложува е женскиот акт, а како техника го користи примарно акварелот, како и тушот во делото „Ring" креирано за време на предизвикот Инктобер.

Виктор Јаневски е ликовен уметник кој во своите цртежи го користи моливот како техника, а темите кои ги обработува првично се голото женско тело, како и еротиката.

„Уметникот треба да биде смел и да оди до крај. И иако нашето опкружување за жал уште е конзервативно, со храброста која ја изразува оваа поставка се надеваме дека позитивно и охрабрувачки ќе влијае и врз другите сфери во општеството, а не само во уметноста", велат уметниците и додаваат цитат од австрискиот архитект Адолф Лоос:

„Целата уметност е еротска. Првиот орнамент кој што бил створен - крстот, бил со еротско потекло. Тој бил првото уметничко дело. Хоризонтална линија – жена која што лежи. Вертикалната линија – мажот којшто ја пенетрира".

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе