Бункер издаде нов графички роман - Вавилон Берлин

Издавачот Бункер, во рамки на едицијата Апсолутни почетници го издаде својот петти графички роман Вавилон Берлин.

Се работи за дело според романот на Фолкер Кучер по кој е снимена истоимената телевизиска хит серија - најскапа од неанглиско говорно подрачје. Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални ноќни клубови... Кога младиот и амбициозен инспектор Рат, на своја рака, започнува истрага на убиство, наидува на отпор од сите страни. Наскоро, тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама, корупција и потрага по руско злато.
 
Авторот Арне Јиш не само што го адаптира култниот криминалистички роман на Фолкер Кучер, туку и прецизно ги отсликува гламурот на модерниот велеград и општествените и политичките напнатости во Вајмарската република. Интересно е и да се напомене дека тој во делото гради сопствен заплет кој се разликува од оној во серијата. На крајот, тој му благодари на Фолкер Кучер што без негодување ги прифатил промените во неговата приказна. 
Објавувањето на графичкиот роман Вавилон Берлин на македонски јазик го поддржаа Министерството за култура и Град Скопје.
Издавачот Бункер веќе 10 години ја поседува првата специјализирана книжарница за стрипови кај нас.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе