Авторите на стрипот Дилан Дог гости на Џифони Македонија

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези ќе се сретнат со авторите на првопласираните дела на конкурсот за плакат, што Италијанската амбасада во земјава го спроведе во соработка со Институт „Данте Алигиери“ од Скопје.

Стрипови од италијански автори ќе бидат изложени во фоајето на МКЦ. Меѓу гостите ќе бидат и Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Скопје, кој е познавач на светот на стрипот, а ќе учествуваат и Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, македонски стрип автори.

Изложбата ќе биде поставена до крајот на фестивалот – 10 октомври.

Денот на италијанскиот стрип е дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот.

Фестивалот „Џифони Македонија“ беше отворен синоќа во киното „Милениум“. Млади од седум држави, гости од „Италија Експериенс“ ја наполнија киносалата. Од денеска до 10 октомври тие ќе разменуваат искуства, ќе работат со професионалци од повеќе области поврзани со филмот и ќе ја покажат „Невидливата моќ“, што ја имаат, во духот на мотото на фестивалот. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе