ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

Апстрактната македонска ликовна уметност е сѐ уште тука

Во објектот Чифте амам при Националната галерија на Македонија, на 29 декември (четврток), во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Апстракцијата во современото македонско сликарство и скулптура“. Автор на изложбата е Златко Теодосиевски.

Петар Мазев „Изгорен пејсаж“ (1963)

Изложбата „Апстракцијата во современото македонско сликарство и скулптура“ ретроспективно ја елаборира појавата и развојот на апстрактната уметност во современото македонско сликарство и скулптура од периодот на шеесеттите години на минатиот век до денес, потенцирајќи ја притоа непредметната уметност (во сите нејзини варијации) како доминантен израз (и) во македонската ликовна уметност од втората половина на дваесеттиот век до денес.

Едновремено изложбата има за цел да потсети на можеби подзаборавените македонски уметници фасцинирани од оваа визуелна приказна, чие што творештво засекогаш останува неразделен дел не само на апстрактниот исказ туку на македонската уметност во целина. Дури и денес, во поодминатите години на постмодерната и новите медиуми, непредметната уметност е сѐ уште тука, околу нас и во ателјеата на македонските уметници, иако можеби не ѝ се посветува доволно внимание.

Она што можеби треба веднаш да се потенцира е чувството дека македонската апстракција, во сите нејзини изразни форми, уште од самиот почеток па сѐ до денес делува сигурно, самосвесно, автономно. Поточно, во најголем дел, појавата (и развојот) на апстрактната уметност кај нас е производ на нужност, а не само афинитет, сосема спротивно на некои можни дилеми дали таа воопшто може да му биде блиска на македонскиот уметник.

Петар Хаџи Бошков „Торзо“ (1964)

Во забрзаното чекорење кон „достигнувањето на светот“ во педесеттите години на минатиот век апстракцијата, секако, била првиот, или меѓу првите, предизвици. Односно, кај нас таа беше и културолошки и творечки предизвик! Таа, непредметната уметност, во сите нејзини изразни форми бргу стана доминантен творечки исказ на македонската ликовна сцена во тоа време. И се одржа до денешен ден, можеби не со таа силина и опфат, можеби не со таа бројност на приврзеници, односно следбеници, но сѐ уште како интересен предизвик, дури и за помладите постмодерни генерации.

На изложбата се претставени осумдесетина дела од повеќе македонски уметници од сите генерации, меѓу кои Петар Мазев, Димитар Аврамовски-Гуте, Петар Хаџи Бошков, Миле Корубин, Борис Николоски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Јордан Грабулоски, Борко Лазески, Слободан Филовски, Танас Луловски, Татјана Миљовска, Златко Глигоров, Благоја Маневски, Решат Ахмети, Влатко Миладинов и други, известија од Националната галерија на Македонија.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе