Ликовна уметност

Вчера, на зајдисонце, во магичен амбиент, пред неколку стотини луѓе на археолошкиот локалитет „Стоби“ беше отворена голема изложба на дела од реномираниот скулптор Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

19 Септември 2021 - 10:54

Не смееме да дозволиме да се заборави наследството на нашите меѓународно признати уметници. Имајќи ја предвид големината на творештвото на Петар Хаџи Бошков, привилегија е да се погледнат дела кои долго време биле зачувани во негова лична сопственост, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на изложбата на дела од реномираниот македонски скулптор Петар Хаџи Бошков, поставена во археолошкиот локалитет Стоби, а во рамки на проектот насловен „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

18 Септември 2021 - 13:38

Утре во рамките на фестивалот „ArtArea“ во кафе-книжарницата „Буква“, а со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли, во издание на „Бегемот“.

18 Септември 2021 - 08:33

Вчера во Музеј на современа уметност се одржа првиот ден од настанот EКСПО 30 во организација на Боттега Евенти. Гостите имаа прилика да ги погледнат новите модни колекции на пет македонски дизајнери, да се забававуваат со македонски ди-џеи и да дегустрираат македонски производи. Настанот е организиран по повод одбележување на 30 години независност на државата и е поддржан од страна на македонската Влада.

17 Септември 2021 - 14:17

Настанот за одбележување 30 години независност на Македонија што се одржа на 8 Септември пред македонското Собрание го отслика историскиот референдум на 8 септември 1991. Еден од настаните кој остави посебен впечаток беше визуелниот – мултимедијален перформанс, видео мапинг на фасадата на зградата на Собранието во Скопје.

15 Септември 2021 - 14:03

На 17 и 18 септември ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи и останатите-  Статуафест - Скопје на улицата Македонија во Скопје. Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, а дополнителна поддршка дава и Театарот за деца и младинци. Организатор на фестивалот е Зружението на граѓани ТимТеатросК - Театроск.

14 Септември 2021 - 17:23

В среда, на 15 септември во Мала станица ќе биде отворена изложбата „Допирот“, подготвувана во соработка со Националната галерија, Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Велика Британија. На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја третира проблематиката на движечки слики (Бен Риверс, Уриел Орлоу, Шарлот Проџер, Луис Хендерсон и Бедвир Вилијамс) како и нашите еминентни современи уметници – Елпида Хаџи-Василева, Велимир Жерновски и Кристина Пулејкова.

13 Септември 2021 - 13:07

Општествените проблеми што нè опкружуваат локално се само мал исечок од големата глобална слика на светот што се менува со молскавична брзина, најчесто на полошо. Сите тие појави што на кој било начин ни будат непријатни чувства и ни го отежнуваат секојдневното живeење, без прашање влегувајќи во нашиот личен простор и слободата на изразување и живеење, најчесто лесно и бесрамно се игнорираат и само фиктивно се решаваат. Секој проблем има своја етикета, речиси никогаш не е обратно. А од друга страна, етикетите и нивното лепење најчесто не се никаков проблем.

12 Септември 2021 - 12:27

Синоќа заврши четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност „Скопје лајт арт дистрикт“, во чии рамки 25 уметници од 14 земји изминатите четири дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани.

12 Септември 2021 - 08:50

Заврши 19-тата Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ на која учествуваа 11 уметници од државата и соседните земји, а кои една недела твореа во кумановската населба „Карпош“.

10 Септември 2021 - 10:17

Во објектот Даут пашин амам вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. Изложбата ќе биде отворена до 13 октомври, а свечениот чин на отворање ќе биде пропратен со музички настап.

09 Септември 2021 - 07:01

Од денеска до четиринаесетти септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски ќе се одржи 35. јубијелно издание на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот-закрилник на ова древно светилиште, Св. Јоаким Осоговски.

08 Септември 2021 - 08:58

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски учествува на водечкиот европски фестивал за елекктронски и дигитални уметности Арс Електроника во Линц, Австрија, во периодот од 8 до 12 септември 2021 година.

08 Септември 2021 - 08:23

Серијалот на ликовни дела насловени „Моите омилени нешта“ од уметникот Менсур Бојда денеска ќе бидат изложени во галеријата „2-16“ во Окајама, Јапонија.

07 Септември 2021 - 09:28

Муралот „Образование“ на академскиот сликар Павле Кузмановски кој беше премачкан со бела боја при реконструкција на гимназијата е репродуциран летово од авторот, како слика на платно и од вчера е поставена во основното училиште „Братство-Миѓени“-објект Спортски центар.

04 Септември 2021 - 10:23

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе