„Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“

Во кафе-книжарницата Буква во Скопје беше промовиран проектот на младата уметница Јана Борбала Панзов, насловен како „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“, кој е дел од апликациите што беа избрани на конкурсот „Цртај на македонски јазик“ поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Младата Јана изработи 16 „стикери“ со цел, како што самата кажа, да ги убеди своите врсници да користат кирилица кога се допишуваат на социјалните мрежи, затоа што, како што и самата кажа, нашата кирилица е многу убава.

За настанот беше изработен и рекламен материјал (маици, шолји, торби) кои заинтересираните можат да ги најдат во кафе-книжарницата Буква.

Наталија Лукомска истакна дека стикерите на Јана се многу интересни, на едноставен начин се испреплетени зборовите и сликите, илустрирани се фрази со помош на македонски симболи врежани во нашата слика за Македонија (македонско девојче, Водно, Кирил и Методиј). Стикерите имаат голем потенцијал да бидат искористени и во наставата по македонски јазик.

На прашање за она што ја инспирира, Јана кажа дека ја инспирира она што го гледа околу неа, македонската музика што ја слуша, патувањата во Македонија, преубавата природа. Во иднина се гледа себеси како аниматор и дека веќе работи на серија карактери (еден вид вонземјани) за кои се надева дека ќе бидат нејзината прва анимација.

Јана е билингвална, и на прашањето како го надоградува својот македонски, рече дека гледа македонски серии, чита книги и слуша македонска музика.

Авторката Јана Борбала Панзов (2009) е родена во Будимпешта, Унгарија. Основното образование го започнува во Македонија, а подоцна го продолжува во Унгарија. Нејзината талентираност за цртање (сликање, графика, дигитална уметност) е потврдена на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија. Со свое дело учествувала на конкурсот на Museum of Fine Arts, Budapest, во рамките на детската програма за уметнички дела инспирирани од големата изложба: Between Hell and Paradise. The Enigmatic World of Hieronymus Bosch.
Освен со дигитална уметност, цртање и сликање, изработува и амигуруми (плетени играчки) со кои учествувала на неколку локални продажни изложби.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе