КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во Штип

Во тек е реализацијата на првата фаза од конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас" во Штип, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип во рамките на првата фаза, што е предвидено да заврши до крајот на годинава, ќе извршат препокривање на црквата заради превентива од влага, по што ќе се изврши чистење на живописот кој датира од 14 век и 17 век, како и консолидација на фреските во горната зона.

Со реализацијата на втората фаза ќе се изврши ретуширање на оштетените делови во црквата, а целосната реализација на проектот се очекува во текот на 2015 година.

Фрескоживописот во црквата „Свети Спас“ претставува извонредна творба на живописување на црквите од тој период, а како сликар на фрескоживописот кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, се јавува зографот Јован, соопштија од Министерството за култура.

Т.Д.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе