Во црквата „Св. Никола” се одржа „Поетска панорама”, насловена: „Од еден до друг брег“ („Са jedne на drugу obalу“), што е наслов на поетската збирка со творби од македонски и хрватски поети, приредена од починатиот поет Петко Шипинкароски и професорот Васил Тоциновски.
Тоциновски беше еден од промоторите, заедно со Мишо Китаноски и Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
„Поетскиот зборник „Од еден до друг брег“ („Са jedne на drugу obalу“), доаѓа како потврда на многустолетните македонско-хрватски книжевни врски, од старите времиња на глаголицата, па се до денес“, рече Тоциновски.
Во книгата се застапени вкупно 28 поети, по 14 од Хрватска и Македонија, а е издадена од Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ од Струга, инаку, организатор на книжевните средби, а во соработка со Хватското книжевно друштво „Книжевно перо“ од Риека.
Присутните автори од Хрватска и Македонија читаа свои песни.
Попладнево, беше извршена и промоција на најновиот, дваесетти број, од книжевната ревија „Бранувања“, овој пат, исцело посветена на првиот уредник и издавач Петко Шипинкаровски.
Беседа во чест и слава на Петко Шипинкароски имаше новинарот, публицист и поет, Мишо Китаноски, кој го претстави Шипинкароски како еден од најплодните, истовремено, и најпреведуван автор во странство, после Борис Вишински, додека ревијата ја промовираше, поетот Христо Петрески
„Петко беше неуморен истражувач и љубопитник, кој се испробуваше, речиси истовремено, во повеќе книжевни жанрови, а негова специфика и најголем квалитет беше познавањето и примената на народниот, изворен, подзаборавен македонски јазик и говор“, потенцираше Петрески.
Манифестацијата заврши со вечерно „Поетско матине” и доделување на двете признанија, наградата за „Животно дело” за 2022 година, која му припадна на новинарот во пензија и романсиер Наум Бајо, додека наградата за „Посебни книжевни остварувања од странство“,годинава, ја понесе Никола Шимиќ Тонин, кој живее и создава во Задар Хрватска, за кое подрачје е и претседател при Хватското книжевно друштво.
Наградите се доделуват во чест на Петко Шипинкаровски и се насловени како „Петковиот аманет “.
Првонаградените, од свештеникот на црквата во Вевчани, отец Зоран Попоски добија дар – рачно плетени волнени чорапи, специфичен македонски сувенир.
Сите учесници, покрај сертификат за учество, добија примерок од 20-тиот број од ревијата „Бранувања”, во која е објавено нивно авторско дело, заедно со две збирки песни од Петко Шипинкаровски.
В.М.