Во Охрид отворено четвртото издание на Балкански потески камп за деца

Во Охрид денеска започна четвртото издание на Балканскиот поетски камп на деца и млади "Ванчо Николески" со учество на млади автори од , Бугарија, Албанија, Хрватска, како и од Македонија, а овој пат, и од Украина.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој го нагласи, како што рече, несомнениот придонес на Ванчо Николески како родоначалник на детската литература во Македонија, ја повтори поддршката на Општина Охрид и посака натамошна афирмација на манифестацијата.

„Секогаш сте биле и ќе бидете драги гости на оваа куќа, која широко ви ги отвора вратите. Добредојдени сте кај мене и кај моите соработници. Ви посакувам добар престој во Охрид, среќни мигови, многу нови создадени стихови“, речи Пецаков.

Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, нагласи дека по долгогодишниот заборав ДПМ се вклучува во афирмацијата на делото на Николески.

„Затоа и лично присуствувавме и дадовме придонес, после децениско заборавање, во поставувањето на некои обележја во родното село на Црвена Вода, на неговата родна куќа, како и на Спомен собата. Друштвото Мацково, како организатор на манифестацијата, ја има целата наша поддршка да продолжи, да ја шири дифузијата на мегународен план“, рече Петрески.

Во име на покровителот на манифестацијата – Светската акдемија на поезијата при УНЕСКО, од Равена, поздравно писмо упати генералниот секретар д-р Лаура Троиси:

„Балканскиот поетски камп за деца и млади 'Ванчо Николески' ги обединува младите поети и писатели за деца, од различни земји на Балканот, оваа година  и од Украина. На сите учесници на Кампот им посакуваме пријатен престој во Охрид и неговото опкружување, добра меѓусебна соработка, како и спроведување на програмскит цели. Оваа пријателска и креативна средба треба да послужи како пример за сите луѓе со добра волја, писатели и други балкански уметници, кои преку размена на своите идеи и креативни резултати, го потврдуваат сопствениот јазик и литература, овозможуваат и нумерички помалите нации, да бидат попознати и почитувани“, напиша Троиси.

Со традиционално, специјално послание, се обрати и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски:

„Како учесници на овој камп кој добива меѓународни димензии, имате одлична можност да соработувате и дискутирате, заеднички да работите на книжевни теми, а со тоа да ги збогатувате знаењата и унапредувате вашите творечки вештини“, пишува Пендаровски, нагласувајќи го посебно учеството на авторите од Украина, Ана Баграна и Оксана.

„Нивното учество, како и учеството на други автори со украинско потекло уште еднаш ја покажуваат нашата солидарност со народот на Украина, во овие најтешки мигови од нивната понова“, а и историјата на Европа, потенцира Пендаровски.

За ваквите книжевни средби, Пендаровски пишува дека се своевиден поетски фестивал и можност за истражување и надградба на младите автори, придонесуваат за поголема соработка и комуникација меѓу различните култури, меѓусебно запознавање и зближување на младите генерации, кое ни е потребно во денешницата во која отуѓувањето сѐ почесто е тема.

Поздравни пораки уште упатија поетот, член на Светската академија на поезијата и Координатор за словенскиот свет, Мајо Даниловиќ, како и професор д-р Милутин Ѓуричковиќ, претседател на Управниот одбор на Институтот за детска књижевност, од Београд.

Најмладата учесничка, Оксана Чернаева, ја прочита песната "Галеб", што од присутните беше примено со воодушување и аплауз..

Работата на Кампот продолжи со Поетската работилница, раководена од д-р Ана Петреска и Ана Баргана.

Петреска има докторирано книжевност на тема „Расказот и раскажувањето како услов за правилен говор", што е нејзина потесна специјалност, а има и големо искуство како логопед. Таа одржa предавање на тема: „Правилниот говор кај децата и креативно изразување на учениците".

Ана Бергана е украинска писателка, поет, драматург и преведувач,поранешен секретар на Националниот сојуз на писателите на Украина за работа со млади автори и главен уредник на списанието „Гранословие". Преведува од словенски јазици. Составител и преведувач на „Антологија на современна поезија на Македонија" на украински јазик.

Денеска учесниците на Кампот, традиционално, имаат прием од страна на менаџментот на светскиот поетски фестивал  „Струшките вечери на поезијата", а ќе одат во посета и на населбата Вевчани, со разглед на Вевчанските извори, Куќата на Михајло Пупин и други атрактивности.

В.Митаноски

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе