Вечерва промоција на романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател Георги Господинов

Во кино Фросина во МКЦ вечер ќе биде промовиран романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски е преведен од Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа Или-Или во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Во романот „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат.

„Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава“. (Сандро Веронези, двоен добитник на Премио Стрега)

„Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално“. (Ле Фигаро)

„Георги Господинов е единствен во многу работи…Никој не може да ги спои интригантниот концепт, прекрасната фантазија и совршената техника на пишување како што тоа го прави тој“.(Олга Токарчук, Нобеловка)

„Роман со стотици приказни во себе. Роман на еден континент и во десеттина земји, стотици градови и со илјадници луѓе. Милиони приказни им се случиле, или не“. (Литературен гид)

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) и „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе