Свечено одбележана 75 годишнината на Друштвото на писателите на Македонија

Со поетско музичка вечер што се одржа во рамки на манифестацијата „Гевгелиско културно лето", на платото пред библиотеката во Гевгелија свечено се одбележа јубилејната 75 годишнина на Друштвото на писателите на Македонија.

На присутните им се обрати директорот на градската библиотека „Гоце Делчев" од Гевгелија,книжевник Стефан Марковски, кој говореше за предизвиците со кои се соочува ДПМ, за значењето на литературното творештво во современи услови и за борбата за освојување поголема читателска публика.

На прославата на јубилејот на ДПМ, со поетско читање со свои творби пред гевгеличани се претставија Снежана Стојкоска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Стојкока ,Александар Прокопиев и уште десетина членови на друштвото, во кое досега членувале преку 500 писатели од сите генерации.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе