НОВА КНИГА

„Силсонс“ објави роман за Балканските војни од Владимир Костов

Во едицијата „Современа македонска проза“, издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје го објави романот „Битолски триод“ од познатиот македонски писател Владимир Костов.

На страниците од ова дело авторот ја обработува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100 илјади Македонци, кои се бореа и гинеа за туѓи цели.

Посебен акцент авторот става на двегодишните бомбардирања на артилеријата на Сојузничките сили на градот Битола, со употреба и на бојни отрови, при што беше десеткувано населението и беа разурнати многу станбени згради, меѓу кои и ретки монументални градби на познатиот Широк Сокак.

Во романот „Битолски триод“ се е ставено во конкретна и препознатлива епска рамка и како на широко филмско платно е отсликана трагичната судбина и крвава делба на македонскиот народ, констатира Раде Силјан.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе