АНТОЛОГ

Романот „Оваа приказна“ на Алесандро Барико доби издание и на македонски јазик

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Оваа приказна“ од Алесандро Барико, еден од омилените италијански писатели во светот. Со ова, „Антолог“ го прави достапен за македонските читатели и третиот од четирите најнови романи на Барико, по „Емаус“ и „Трипати взори“. Преводот е на Лилјана Узуновиќ.

Романот „Оваа приказна“ ја раскажува животната приказна на Ултимо Пари. Тој е момче што ќе остари обидувајќи се да го доведе светот во ред. Има пет години кога ќе го види првиот автомобил, деветнаесет на денот на битката на Кобарид од Првата светска војна, дваесет и пет кога ќе ја запознае љубовта на својот живот и многу повеќе вечерта кога ќе умре, во некое непознато далечно место. „Оваа приказна“ е неговата приказна.

Книжевното дело „Оваа приказна“ во 2011 година ја доби наградата „Фриул Адрија“. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Алесандро Барико (1958) е италијански романсиер, сценарист, пијанист, книжевен и музички критичар, новинар, режисер и есеист. Автор е на единаесет романи. Добитник е на голем број книжевни награди во Франција и во Италија. Неговите дела се преведувани и обожавани во многу средини, меѓу кои исклучително во Македонија.

Лилјана Узуновиќ е преведувачка од италијански и виш лектор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Магистер е по француска и италијанска книжевност. Превела на македонски јазик десетина книги од италијански писатели. Добитничка е на наградата за најдобар превод „Божидар Настев“ (2008). Носител е на орденот витез на Италијанската Република (2009).

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе