АНТОЛОГ

Преведена е добитничката на наградата за најдобра книга „Писателски Комонвелт“

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави објавувањето на книгата „Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна. Весникот „Њујорк тајмс“ го оцени овој роман како „просветлувачка приказна за страста и за предавството“. Истиот во 2011 година ја доби наградата „Писателски Комонвелт“ за најдобра книга. Преводот на македонски јазик е на Калина Јанева.

Во содржината на романот Едријан Локхарт е психолог што бега од својот живот во Англија и доаѓа во Сиера Леоне, каде што почнува граѓанска војна. Тука мора да се бори со жештината, со нечистотијата, со правта, како и со тајните што ги крие оваа загадочна земја.

„Сеќавање на љубовта“ е впечатлива книга за обичните луѓе во невообичаени околности, врвно реализирана и убаво напишана, страотна и пријатна, непоколеблива и нежна, трогателна и инспиративна. Тоа е книга за четири животи што се преплетуваат; книга за пријателството, разбирањето, простувањето и за неизбришливите ефекти на минатото; за патувањата, соништата, загубата и за самата природа на љубовта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Амината Форна (родена 1964) е британска писателка. Татко ѝ потекнувал од Сиера Леоне, а мајка ѝ е Шкотланѓанка. Студирала право. Досега објавила три романи. Десет години работела за Би-би-си, како новинарка и како авторка на документарци од областа на уметноста и на политиката. Членка е на Одборот на Кралскиот национален театар и на жирито на меѓународната „Букерова награда“ во 2013 година. Предава креативно пишување.

Калина Јанева (1981) дипломирала англиски и италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално работи на својата магистерска теза. Зад себе има над 25 книжевни преводи, претежно од англиски на македонски, но и обратно, како и десетици стручни преводи, главно од хуманистичките области. Последниве години активно преведува книжевни дела и од италијански јазик. Член е на Здружението на преведувачи на РМ, а дел е од организацискиот одбор на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе