Писателот Стерјо Спасе ќе добие музеј

Во селото Глобочани, општина Пустец почна реализацијата на проектот за реконструкција и уредување на старата училишна зграда, која во иднина ќе биде музеј на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе, родум од ова малопреспанско село.

„Благодарение на големата поддршка од Европската унија и преку проектот (SMART CUL TOUR) старата, училишна зграда во која се школувал Стерјо Спасе, еден од најпознатите писатели од втората половина на XX век, ќе прерасне во музеј во чест на овој писател, информираа од општината.

Проектот е во рамки на пркуграничната соработка, ИПА 2, меѓу оваа и општина Битола.

Од општина Пустец додаваат дека Директоратот за заштита на културно наследство од Корча ќе се погрижи за комплетниот дизајн и опремување на објектот и музејската поставка.

„Оваа активност е знак на почит кон нашиот голем псател а секако ќе придонесе за промоцијата на културното наследство и воедно ќе ја збогатат туристичката понуда во регионот“, посочуваат од општина Пустец.

 

Стерјо Спасе, роден е во село Глобочени, Мала Преспа во 1914 а починал во Тирана, 1989 годна. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од основоположниците и најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. Покрај во Албанија, се школувал на Универзитетот Флоренца во Италија, додека магистрирал во тогашниот СССР. Автор е на петнаесеттина романи и многу раскази. Негово најпознато книжевно дело е романот „Од живот за живот – зошто?",кој е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на млад интелектуалец на село. И неговиот син Илинден Спасе, универзитетски професор во пензија, пишува на албански и на македонски јазик. Автор е на повеќе збирки раскази. Член е на Друштвото на писателите на Република Македонија. Синот на Илинден, Аријан Спасе е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Унгарија.

Албанскиот претседател Илир Мета, пред две години, постхумно го одликува со признанието „Витез на редот на знамето". Тогаш Мета рече дека неговиот познат роман „Зошто" го најавил создавањето на современа литература во Албанија, додавајќи дека Стерјо Спасе е значајна личност не само во Албанија туку на Балканот и Европа.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе