Како што соопштија од ДПМ, сите пристигнати прилози по читањето, ќе бидат објавени во посебно дигитално тематско издание на веб страницата на Друштвото.
Пријавите и прилозите се очекуваат до 10 ноември, на мејлот на Друштвото на писателите на Македонија – „[email protected]".
„Манифестацијата во ДДМ ќе се одржи на 11 октомври, во петок и на истата може да учествуваат и писатели кои не се членови на Друштвото на писателите на Македонија, но претходно треба да се пријават, да испратат своја литературна творба на нашиот мејл и повратно ќе добијат информација за направениот избор и вклучувањето во програмата за настап“, се наведува во соопштението на ДПМ.