КНИЖЕВЕН ПРЕВОД

Оригинален и моќен автор со посебен интерес во психолошката страна на човечките односи

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Победниците“ од норвешкиот писател Рој Јакобсен, кого го нарекуваат „најдобриот раскажувач од времето на Кнут Хамсун до денес“. Преводот на македонски јазик е на Искра Бадева.

Романот „Победниците“ е најдиректен опис во норвешката книжевност на општествениот феномен наречен „големото класно патување“ – социјалното издигнување на норвешкото население во 20. век. Од перспективата на едно семејство се прикажани условите за живот на обичниот човек во Норвешка во минатите 80 години, при што со огромна брзина економијата од земјоделско-рибарски ориентирана се трансформирала во постиндустриска, технолошки напредна, со голем број можности и со благопријатни околности.

Големиот пробив на Јакобсен се случил токму со овој роман, кој му носи широка публика и одлични критики. „Победниците“ е добитник на наградата „Букселерс“ и на престижната Награда на книжевните критичари од Норвешка.

Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Рој Јакобсен (1954) е еден од највлијателните современи писатели од Норвешка. Автор е на книга раскази, романи, биографии, како и на книги за деца. Од сензационалното деби, се развил во оригинален и моќен автор со посебен интерес во психолошката страна на човечките односи. Член е на Норвешката академија за книжевност и јазик.

Преведувачката на романот, Искра Бадева, е родена во Скопје во 1980 година. Како вљубеник во културата и литературата на Северот ги има завршено студиите по скандинавистика на Софискиот универзитет во 2007 година. Живее и работи во Скопје. Преку своите преводи се надева дека ќе ја разбуди љубопитноста на македонските читатели кон историјата, секојдневието и кон начинот на размислување на северните народи, толку далечни и поинакви од нас.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе