Омаж на „Скопски колажи“ од Валентина Бахти

Издавачката куќа „Готен“ вечерва во кафе-книжарницата Буква ќе ја престави изложбата „Скопски колажи“, како еден вид на омаж на Валентина Бахти која се состои од писма и колажи.

Писмата се разменувани за време на нејзиниот резиденцијален престој во Скопје со српскиот актер Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, и колажите се фотографии што ги имаат направено таа и фотографот Диме Данов.

Изложбата ќе биде придружена со музичка изведба и читање поезија на Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Владимир Лукаш, Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Андреј Ал-Асади.

Валентина Бахти (Прокупље, 1995) е поетеса, преведувачка, актерка и фотографка. Нејзината прва двојазична книга поезија, „Помеѓу“, ја има објавено издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, а втората, „Да се скршат коските“, издавачката куќа „Дибидус“ од Белград. Таа е една од организаторите на Скопскиот поетски фестивал, а ги уредува и списанијата за книжевност и култура astronaut.ba и bludnistih.com. 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе