Олга Панкина лауреат на „Степска липа“ во Русија

Олга Панкина, поетеса и преведувачка, претседател на невладината организациjа „Македонски културен центар во Москва“, како претставник на Македонија е лауреат на 6-от Меѓународен фестивал на уметностите „Степска лира“, кој деновиве се одржа  во станицата Новопокровска во Краснодарскиот крај, во Русија.

Новопокровска годинава го слави својот јубилеј – 195 години од основањето, а досега на овој фестивал учествувале претставници од 17 држави. Годинава пристигнаа гости од 10 земји, а сите се застапени во литературно-уметничкото списание „Степска лира“. Учесниците посетиjа над 30 културни и образовни установи во станицата и околината.

Панкина како лауреат на фестивалот доби Диплома за значаен творечки придонес во современата уметност, во развојот на меѓународната соработка и културните врски меѓу народите, за приврзаноста на хуманистичките традиции.

„Своја мисија гледам во популаризациjата на македонската литература и култура на руското јазично подрачје. Задоволна сум што на фестивалот имав можност да претставам како свои песни напишани на руски и на македонски, така и, што за мене е многу важно, литературното творештво на голем број врвни македонски писатели – класици, почнувајќи од Блаже Конески, и современи, млади автори. Под мото „Читај ја Македонија!“ настапив во домови за култура, центри за творештво на деца и млади, низа библиотеки и училишта. Ме израдува што на тие средби луѓето покажаа искрен и голем интерес за Македонија, за нејзината литература. Им подарив многу македонски книги“, вели Панкина за своите впечатоци од фестивалот.

Таа посочува дека многу успешно ги преставила и делата на македонските романсиери. Тоа се 28 книги што ги има преведено од македонси на руски јазик. Станува збор за едициите: „Македонскиот роман на 21 век“ (шест книги) и „Сто словенски романи“ (пет книги) чии автори се Ермис Лафазановски, Луан Старова, Томислав Османли, Венко Андоновски, Влада Урошевиќ, Блаже Миневски, Оливера Николова, Гоце Смилевски, како и за посебни книги од автори како што е класикот Петре М.Андреевски, Драгица Најческа, претставена како автор на романот за деца, Лилјана Пандева и помладите Давор Стојановски и Ксенија Николова.

„Како и секогаш беше добродојдена и македонската поезија. Публиката буквално им се восхитуваше на песните на Блаже Конески, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ и многу други. Среќна сум што луѓето во станиците што ги посетивме, во Краснодарскиот крај оддалечена 1.200 километри од Москва и 2.000 километри од Скопје се запознаа со македонската книжевност како составен дел на македонската култура. Хуманата мисија што се врши преку уметноста е непроценлива“, нагласува Панкина.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе