Охридско „Мацково“ добитник на награда на Хрватското книжевно друштво

Охридското Здружение за литература и култура "Мацково", преку неговиот претседател, Веле Митаноски, е годинешен добитник на Мегународната награда ''Korkira Melaina'', која се доделува на асоцијации и поединци кои со својата работа продонесуваат во поврзувањето на културите.

Признанието беше врачено на седмите Мегународни книжевно - научни средби "ПЕТАР Канавелиќ" во хрватскиот островски град Корчула, одржани под покровителство на Министерството за култура на Хрватска.

На собирот учествуваа поети од Хрватска, Македонија, Албанија, Црна Гора и Мароко.

Наградата се однесува на традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади "Ванчо Николески", единствена таква на овие простори, а на која, редовно, учествуваат и млади поети од Хрватска.

Со ова признание, манифестацијата станува препознатлива во светот, но, за жал, не и кај повиканите институции кај нас, а се одржува под високото покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКо, со седиште во Верона.

Истовремено, во објектот "Вјеќница" на корчуланската локална власт низ историјата, во старото градско јадро, организаторите, ја приредија и хрватската промоција на поетската збирка на Митаноски "ВАНЧОЛИКИ".

На собирот учествуваа поети од Хрватска, Македонија, Албанија, Црна Гора и Мароко.

Виртуелно, уште и иранскиот поет д-р Салама Ал-Сархана, кому му беше претставена книгата "Делириум на паметењето" 1 и 2.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе