Објавена првата збирка раскази од младиот македонски писател Алијевиќ

Расказите од збирката „Вечерен автобус" лебдат во еден свет помеѓу автофикцијата и фикцијата, претендирајќи да создадат игра, комуникација и неизвесност кај читателот што од напишаното е лична вистина на авторот, а што измислица. Освен тоа, расказите градат повеќе дихотомии или бинарни опозити, како на пример: реалност – сон, вистина – лага, живот – смрт, луцидност - халуцинација, минато – сегашност, периферија – главен град, итн. Збирката прави пресек на нашето време и општество, со цел да расветли одредени зафрлени слоеви, и во тој контекст, главните ликови често доаѓаат од самите маргини на општеството.

Севкупно, расказите третираат теми како различностите помеѓу луѓето, нееднаквоста, срамот од личниот идентитет, деградацијата, стеротипите и сегрегацијата на одредени поединци во општеството (како на пример лицата со посебни потреби или сексуалните малцинства). Наративот е во директен костец со предрасудите и ограничените погледи на светот.

Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија), завршил додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје, на катедрите за Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност.

Бил дел од уредничкиот тим на меѓународното списание за книжевност и уметност, „Разноликост", а раскази пишува веќе подолго време. Досега бил објавен на порталите Разноликост и Окно.

Збирката раскази "Вечерен автобус" е негова прва книга.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе