Објавена дебитантската поетска книга на Стефан Костоски „Гирланда“

Деновиве во издание на „Современост“ излезе од печат првата поетска збирка од Стефан Костоски, „Гирланда“. 

Книгата содржи триесетина песни пишувани во раздобје од повеќе години, за кои Стефан Марковски пишува:

„Стиховите на Костоски се пијат и допиваат како нивниот последен зрак, како префинето, старо вино кое некогаш ги заплискувало ѕидовите од силно сјаечко шише фрлено на брегот од едно улисовски разбранувано море во кое поетот си ги пушта корабите за да бидат очи на неговото небо додека, легнат на грб, ги посматра цветовите кои во исто време патуваат низ него. […] Со задоволство и желба за продолжување на творечката одисеја можеме да констатираме дека Костоски како еден од неколкумината млади неоромантични, неосимболични, а истовремено модерни македонски поети во своето деби успеал да ги амалгамира ваквите прекршувања, но и премини во елегантен и стилизиран, метафизички поетски дискурс втемелен на идејата за совршеноста и светоста на причинско-последичната врска за постоењето и функцијата на секој (светло)збор.“

Стефан Костоски е роден на 12 јуни 1991 во Охрид. Завршил основно и средно стручно економско училиште во Охрид, а дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Досега поезија и литературни есеи објавувал во периодични списанија.

Тој е еден од десетте финалисти на меѓународниот поетски фестивал „Слово 21“ во Гостивар.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе