Нова книга од „Матица македонска“ - „Смислата на животот“ од Предраг Чичовачки

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од пачат книгата „Смислата на животот“ од  Предраг Чичовачки,  професор на универзитетот во Бостон, Соединети Американски Држави. Ова значајно дело од познатиот начник на македонски јазик го преведе Никола Левенски Миљаниќ.

Денес кога сме преплавени од популарна литература за тоа „како да се успее во животот“, „кои се тајните на среќата“ и слично, реткост е да се дојде до една продлабочена, философска и темелна анализа на една таква тема како што е смислата на животот. За „кусиот пат до личната среќа“, авторот на ова ретко издание црпи од сопственото животно искуство и од примерите на големите мудреци за да истакне дека нашата среќа е директно зависна од другите околу нас, од луѓето со кои се дружиме, од оние што ги цениме и сакаме, од кои добиваме поглед на љубов или ќе слушнеме мудар совет. Болно и трауматично доживување на изолираност што го имавме за време на пандемијата сосема јасно ни покажа дека не можеме еден без друг и дека нема индивидуална, себична среќа ако не ја делиме со оние што ги почитуваме и сакаме. Накусо, смислата на нашиот живот не е просто лична, индивидуална творба, туку израснува од добронамерниот и богат дијалог со светот околу нас.

Целата на оваа сложена материја во книгата „Смислата на животот“ е изложена концизно и на јасен, разбирлив јазик, при што авторот постојано се потпира на своето искуство стекнато и како долгогодишен универзитетски професор и при своите многукратни истражувачки престои во САД, Европа и Индија.

Предраг Чичовачки е автор на низа значајни дела објавени на англиски јазик во светот, а меѓу позначајните се издвојуваат неговите монографии за Толстој, Достоевски и Ганди.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе