Нов роман на Томислав Османли, книга за залудната миротворна песна

„Столб што пее" е книга што ја демистифицира лажната миротворност среде вечните сили на агресивноста на човекот, народите и државите.

Наскоро во издание на ВиГ Зеница од Скопје ќе се појави новиот роман на Томислав Османли, насловен „Столб што пее". Станува збор за хуманистички ангажирано книжевно дело кое со опфат од двесет столетија и голем број приказни, трага по корените на човековата агресивност и воинственост - почнувајќи од првото до дваесетипрвото столетие со блискоисточните и тековната украинска војна - и историјата на масовните насилија и страдања.        Како и во своите три претходни романи „Дваесет и првиот", „Зад аголот" и „Бродот. Конзархија", Османли воодушевува и воедно изненадува со широката, транс-историска поставка на неговите синхониски осмислени хронотопи од Азија до суровите води на бегалскиот Медитеран, Балканот и северот на Европа. Тој уверливо ги открива длабоките врски меѓу навидум сосем неповрзаните епохи, ликови, во неговата мултиперипетиска проза. Во неа се појавуваат антички философи, поети и мелографи, ранохристијански апостоли, војници и припадници на нерегуларни формации, бегалци од страдалните војни на Блискиот исток, среќни луѓе од далечниот Запад, англиски врвни археолози и епиграфичари, инженери на железници источните железници, жестоко раздвоени брачни парови што опстојуваат во обидите да ги преживеат воените времиња...

Дејството на романот „Столб што пее" кој се случува на тлото на југозападна Анадолија близу до древната Смирна, современиот Измир; во античкиот град Трајлес од кадешто  - во мирните  времиња на доцната антика, потекнува еден  мермерен столбец со таинствен и повеќекратно значаен, оптимистички запис; и, паралелно, на просторот во и околу неговиот современ двојник, турскиот град Ајдин сместен до реката Меандер, во жестоката војна и што таму се одвивала пред точно еден век, меѓу 1919-1922... со далекусежни последици на трагичното домино што една војна секогаш го произведува, речиси во бескрајна низа. „Столб што пее" е динамично раскажана, бујна и ангажирана книга, што ја демистифицира лажната миротворност на миротворците, хипокризијата на политичарите со хуманистички пораки, медиумите, јавните личности и инфлуенсери, креативци што по секоја цена се легитимираат на тој начин, а всушност се дел од ширењето невозможен оптимизам и лажно човекољубие, како дејственици на оттуѓената моќ особено на новово време. Наспроти нивниот хуманизам стои трагедијата на луѓето, народите и државите што сѐ помасовно страдаат од практицирањето на таа демагошка моќ, а потоа и ја обновуваат сѐ пожестоката воинственост низ распалената омраза...

Во своето најново книжевно дело Османли „без анестезија" се занимава со симулакрумот на мирот во воинствената цивилизација.                     

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе