Научен собир во Институтот за македонска литература за Кирил Пенушлиски

По повод 110 години од раѓањето на македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски и 50 години од објавувањето на целокупниот опус на Марко Цепенков во 10 тома денеска во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков” во Скопје, ќе се одржи научен собир на Институтот за македонска литература.

Како што информираат организаторите на настанот се очекува присуство и на претседателот Стево Пендаровски.

Во програмата предвидени се презентација на снимка од дигитализираната колекција на фолклорни умотворби на Кирил Пенушлиски (архив БузАр), како и научни излагања на Д-р Марко Китевски, на тема делото на Кирил Пенушлиски во одбрана на македонскиот национален идентитет, Д-р Ермис Лафазановски, 50 години од објавувањето на десеттомното издание:„Македонски народни умотворби“ на Марко К. Цепенков во редакција на Кирил Пенушлиски, Д-р Валентина Миронска-Христовска, Универзалното, колективното и личното во Цепенковите записи и Д-р Ана Мартиноска, Аманет од работната соба на Пенушлиски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе