Македонски еротски фолклор - „(И)стории од долапот - избор од македонската народна еротика“

 

Неодамна, во издание на Книгоиздателството Ми-Ан излезе од печат изборот од македонската народна еротика „(И)стории од долапот". Изборот и предговорот се на Ана Мартиноска.

Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици. Треба да се одбележи и исцрпниот предговор на проф. д-р Ана Мартиноска. Книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција.

„При составувањето на оваа антологија, како и на претходната, при изборот на материјалите се водев од неколку принципи, и тоа од историскиот, што го прикажува постоењето на еротскиот фолклор од дамнешни времиња кога не секогаш бил дел од официјалната народна култура, па сѐ до некои посовремени форми, а уште повеќе од жанровиот принцип што го докажува присуство на еротски форми во сите жанрови на македонското народно творештво, почнувајќи од приказните и анегдотите, преку поезијата, па сѐ до не-кои од кусите фолклорни жанрови. Во секоја жанровска категорија умотворбите се подредени по азбучен ред. Тие се преземени од по-веќе извори и собирачи, од различни временски позиции и од по-веќе краеви во Македонија, од Прилеп, Охрид и Кочани, па сѐ до Струмица и Злетово.“ - вели Ана Мартиноска.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе