Издавачот Три ветува многу нови наслови и големи попусти до 70 отсто.
„Се случи едно лето“ од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита што ќе бидат дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка“ ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, додека „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во отсекот за трилерите. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ ќе заблескаат подготвени да ви подарат позитивни вибрации.