АНТОЛОГ

Концертната промоција на „љубавина“ од Ѓоко Здравески ќе се одржи во „Менада“

Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ ја најави промоцијата на најновата поетска збирка „љубавина“ на Ѓоко Здравески, како дел од Офф-програмата на Фестивалот. Промоцијата ќе се одржи на 9 ноември 2016 година, со почеток во 20 часот, во „Менада“.

Стихозбирката „љубавина“ на Ѓоко Здравески ќе биде промовирана на необичен начин – како своевиден концерт на поезијата, на кој ќе настапуваат:  Натали (глас), Цобе (флејта), Вико (гитара) и Ѓоко (глас).

Ракописот „љубавина“ од Ѓоко Здравески претставува збирка љубовна поезија од седумдесетина страници, поделена во три циклуси. Во песните од сите три циклуси главно се пее за бестелесна љубов, за љубовта како премин, за љубовта како начин на постоење и како начин да се спознава светот. Иако навидум апстрактна, инспирацијата на лирскиот субјект секогаш доаѓа директно од физичката стварност. Самиот наслов претставува неологизам, кој во себе ги содржи љубовта и убавината. Во книгата се чести јазичните игри, постапка карактеристична за поезијата на Здравески.

Ѓоко Здравески е роден во 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, кратка проза и есеи, а најдолго и најпосветено го пишува својот магистерски труд. Има објавено три книги поезија: „Палиндром со две н“ (2010), „куќичка за птици-преселници“ (2013) и „љубавина“ (2016). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата „Торту кроз прозор“ (поезија, 2010). Преведуван е на десетина европски јазици.

Ѓоко Здравески

Фестивалот „Букстар“ е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Логистичката поддршка е на „Јавна соба“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе