Струшки вечери на поезијата

Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“.

Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски – Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Митко Гогов, Елена Пренџова и Бранко Цветкоски.

„Поезијата на Емилија Тодорова е во духот на современоста, односно кореспондира со духот на времето на кое му припаѓа поетесата. Очигледно станува збор за веќе созреана поетска натура, која повеќе го слуша диктатот на можната уверлива естетика на песната, заокружена и ефектна, отколку спонтанитетот и неодоливоста на емотивните ерупции и обопштувања. Песните во збирката Гравитација се интимистичко-егзистенцијалистички, полни со контрасти и цврсти метафори, стиховите откриваат кроткост, но и бестрашност. Уверлива поетска структура што се препознава“, е наведено во соопштението од тимот.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, истакнува дека досега оваа награда им е доделена на 12 иселеници што творат и живеат надвор од Македонија.

„Емилија Тодорова нѐ враќа назад кон семејните вредности, кон вредностите на општеството и на семејството. Ја охрабрувам и понатаму да твори за да оставиме нешто убаво на идните поколенија“, вели тој.

„Гравитација“ е во издание на Агенцијата за иселеништво.

Eмилија Тодорова е родена во Скопје, а од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе