Годинава Рациновото признание за Tомислав Османли

Рациновото признание за прозно дело за 2020 година му припадна на писателот Томислав Османли за книгата расказаи „Парадоксион” во издание на „ВиГ Зеница” од Скопје. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој е и претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби” .

Членови на жири комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година беа академик Катица Ќулавкова, претседател и членовите Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ – Стојковска.

Организацискиот одбор во состав Аце Коцевски, претседател и членовите проф. Кристина Николовска, проф. Људмил Спасов, проф. Гоце Ристовски и проф. Стефани Андреевска донесе одлука почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура, надвор од границите на Македонија да се додели на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р  Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

Рацинови средби ќе се одржат на 25 и 26 септември 2020 година, на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес кога ќе им бидат врачени и Рациновите признанија на овогодинешните добитници.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе