Книгата ќе ја промовира книжевната проследувачка и писателка Оливера Ќорвезироска, а модератор на целиот настан ќе биде водителката Елена Стојановска. Со поетско читање ќе настапат и петнаесетина македонски поети, писатели и преведувачи, кои ќе читаат стихови од песните поместени во антологијата и од своето творештво, меѓу кои и: Тихомир Јанчовски, Катица Ќулавкова, Лидија Капушевска-Дракулевска, Александар Прокопиев, Анастасија Ѓурчинова, Снежана Стојчевска, Долорес Атанасова-Лори, Мерсиха Исмајлоска, Ѓоко Здравески, Дарко Ангеловски, Маријана Јанческа, Моника Трајковска, Ивица Џепароски и други.
За крај на промоцијата, но и на целиот фестивал, е предвиден концерт на групата „Летечки пекинезери“, свинг-џез состав со најнеобичното име и со огромен репертоар на оригинални композиции.
Антологијата „Што си ти?“ содржи избор од најубавата поезија од европски авторки, направен од страна на соработниците и пријателите на издавачката куќа „Антолог“ по повод второто издание на фестивалот „Букстар“. Триесетина македонски и странски поети, раскажувачи, есеисти, романсиери, преведувачи одбраа по две песни од своите омилени поетеси од Европа, а дел од нив ќе настапат и на промоцијата. Оваа несекојдневна збирка на едно место ги вклучува Вислава Шимборска, Марина Цветаева, Кристина Росети, Ѓултен Акан, но и Катица Ќулавкова, Лилјана Дирјан, Николина Андова-Шопова...
Фестивалот „Букстар“ (Book Star) е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадите на Кралството Холандија и на Република Полска. Логистичката поддршка е на „Јавна соба“.