КНИЖЕВЕН ПРЕВОД

„Антолог“ објави возбудлива приказна за потрагата по идентитет

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Ова се имињата“ од холандскиот писател Томи Виринга. Романот е добитник на наградата „Либрис“ за 2014 година. Преводот на македонски јазик е на Ели Пујовска.

Гранично гратче во степата. Мала група прегладнети и бесни бегалци се појавуваат од нигде-никаде и шират страв и паника во градот. Кога полицискиот инспектор Понтус Бег наредува да се уапсат, во нивните куфери наоѓаат доказ за убиство. Како што тој ја разоткрива историјата на нивното пеколно патување така таа почнува да се испреплетува со неговото потекло. Тој станува некој вид инквизитор, а подоцна и спасител на групата.

Романот возбудливо шета низ жанровите, од урбана комедија до мрачен трилер, некогаш допирајќи дури и до загадочната територија на митот. Миграцијата како тема е истовремено актуелна и безвременска. „Виринга ни прикажува слики на ’животни што патуваат во стада‘, на номади, безделници, автостопери, скитници и повремени посетители, кои се движат по непознати патеки; за луѓе што се ’разнесени тука и таму‘. На некој начин оформени и исплашени од патувањето, тие ги губат нештата што ги поседуваат, минатото, идентитетот, а често и сопствените животи“, пишува „Гардијан“ за книгата.

Со редок спој на хумор и мудрост, Томи Виринга ја поврзува мрачната човекова природа со прашањето кои сме и дали искупувањето е возможно. Според критиката, оваа книга е „неочекувано вџашувачка, возбудлива приказна испишана преку потрагата по идентитет во 21. век“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на РМ.

Томи Виринга (роден 1967) е холандски писател. Голем дел од животот го поминал на Антилите. Студирал историја и новинарство. Во младоста работел како продавач во маркет и службеник во железницата. Пишувал колумни, бил член на бенд, автор на филмски сценарија, ТВ-водител. Автор е на наградувани и преведувани книги.

Ели Пујовска (1971) е професионална преведувачка. Преведува од холандски и од фламански, како и од англиски јазик. Работела како проектен асистент и како менаџер на повеќе проекти. Има преведено повеќе од 25 книги за повеќе издавачки куќи. Добитничка е на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на годината.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе