ЛЕТЕН КНИЖЕВЕН ИЗБОР

„Антолог“ објави роман за љубовта и за губењето на невиноста во времето на нацизмот

Романот „Холандска девица“ од холандската писателка Маренте де Мор е добитник на Наградата за литература на Европската Унија (2014) и на АКО (2011), најважната книжевна награда во Холандија. Преводот на македонски јазик е на Ели Пујовска.

Доаѓа лето и 18-годишната Јана треба да тргне сама на енигматично патување во Германија. Татко ѝ ја испраќа кај Егон фон Бетихер, кој треба да ја научи да мечува. Егон е мистериозна личност, но и магнетичен шармер. И Јана едноставно не може да одолее. Но, оваа прекрасна книга не е само книга за љубовта и за губењето на невиноста.

Лошо е што дејството се одвива во 1936 година. Пред Јана се отвора светот на возрасните, полн со прашања и со спротивности. Во нејзините очи се судираат стариот хероизам на аристократската класа и варварството што надоаѓа со ширењето на нацизмот. На раб од големиот историски пресврт на Втората светска војна, Јана ќе доживее индивидуална промена по која нема враќање. Дали ова патување е во еден правец?

Според оцените на критиката, со Маренте де Мор, холандската книжевност доби мошне оригинален писател, со неисцрпна имагинација. Опасната атмосфера, моралните дилеми и жестоката страст се евоцирани во нејзините прекрасно извајани фрази.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Маренте де Мор (1972) е холандска писателка. Студирала словенски јазици. Во 1990-тите живеела во Русија, пишувајќи за холандски и за руски медиуми. Со авторско дело дебитирала во 2007 година. Од 2009 работи како колумнист во списание за политика. Има објавено три романи, како и книги со колумни и со кратки раскази. Романот „Холандска девица“ е преведен на 10 јазици.

Ели Пујовска (родена 1971) е професионална преведувачка. Преведува од холандски и од фламански, како и од англиски јазик. Работела како проектен асистент и како менаџер на повеќе проекти. Има преведено повеќе од 20 книги за повеќе издавачки куќи. Добитничка е на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на годината.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе