Aлдо Климан: За ждановизмот на министерката за култура

Оставка да напише заевската вештерка која бара во Македонија да се пишува и твори уметност која ќе биде весела, ведра и шарена, напиша на својот фејсбук-профил хрватскиот и македонски писател Алдо Климан за изјавите на министерката за култура Бисера Кoстадиновска – Стојчевска.

Таа, според Климан, по 70 години слобода, ни го открива ждановизмот како вистинско решение за потребите на својата квислиншка поданичка државичка. Тој порачува министерката наместо да бара да се пишува „весела уметност“ да седне и веднаш да си напише оставка.

„Е па, сталино-министерке, ждановизмот, тоа ваше неочекувано идиотско ‘откритие’, е едно од најцрните црнила на минатото и на длабокиот мрак на сталинизмот, со кој Македонија, примете на знаење! – во уметноста се справи уште пред седумдесетина години, во она време кога уметноста во Бугарија уште носеше советска рубашка, црни кожени кагебеовски јакни и пиштоли околу појасот, а Тодор Живков им беше највисокото мерило на демократските и уметничките слободи на т.н. диригирана уметност.

Толку за вас и за вашите ‘диригирани’ идеи, за Протоколот, за ждановизмот и за сталино-заевизмот со кои ‘спектакуларно’ ја одбележавте оваа година. Веднаш поднесете оставка. Немате вие што да барате во културата, особено не како министерка“.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе