КИЦ на Македонија во Софија учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците

Културно-информативниот центар на Македонија во Софија учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 26 септември. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на македонскиот штанд на плоштадот „Славеиков“, познатиот режисер и актер штипјанецот Георги Георгиев – Антика денеска цел ден прикажува македонски песни кои го привлекуваат вниманието на посетителите. Со него е и неговиот колега Пламен Великов.

Посетителите добиваат брошури и каталози од Македонија за македонската култура и јазик.

КИЦ на Македонија во Софија по шести пат учествува на овој значаен културен настан. На оваа манифестација учествуваат и културните центри на Чешка, Полска, Шпанија и Италија.

Полскиот културен центар во Софија подари дел од својот простор на Украина, каде што има книги поврзани со нејзината култура. 

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе