Канадскиот џез вокалист Ори Даган со концерт вечер ќе го затвори „Скопско лето“

Со концерт на канадскиот џез вокалист Ори Даган, кој ќе го промовира својот албум „Click right here“, на платото на Ист гејт мол вечер ќе биде затворена манифестацијата „Скопско лето“.

Тој на концертот во Скопје ќе настапи со врвни џез музичари од државава: Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Иван Иванов -тенорсаксофон, Сашко Николовски – тромбон, Гордан Спасовски – пијано, Зоран Костадиновски – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас, Виктор Филиповски – тапани.

Даган е победник на натпреварот за текстописци и композитори „The Great American Song Contest ". Тој настапува со многубројни северно американски ансамбли изведувајќи џез класици и авторски композиции.

Концертот е во продукција на „Канадскиот Музички Центар“ при Полифониа и „Davorius Productions“.

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе