„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ – недела на италијанската кинематографија

Од 16 до 23 мај 2022 година во „Кинотеката на Република Северна Македонија“ во Скопје ќе се одржи XXII „Недела на италијанската кинематографија“, филмска ревија на италијански филмови, оваа година посветена на хероите и антихероите во италијанскиот филм.

Настанот во организација на Амбасадата на Италија ќе биде отворен денес на 16 мај во 20.00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“, оригинален трилер-фантазија во режија на Габриеле Маинети (2015). Во главната улога на филмот е Клаудио Сантамарија, кој со овој филм ја доби престижната награда Давид ди Донатело за најдобар главен актер, толкувајќи ја улогата на ситен криминалец од предградие кој се претвора во позитивен и непобедлив херој. Филмовите се преведени и титлувани на македонски јазик.

Ревијата ќе продолжи со прикажување на серија понови филмови, со меѓународно познати актери како Стефано Акорси и Матилда Де Анџелис кои се во главните улоги на филмот „Брз како ветрот“ (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне, понатаму, со комедијата „Италијанци“ (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито, понатаму, со „Сета моја луда љубов“ (2019) - возбудливо патување низ Балканот - со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија. Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси се протагонисти на драматичната и деликатна „Нашиот живот“ (2010).

На крајот, ќе бидат прикажани два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“, во режија на Пјер Паоло Пазолини во 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Тежок живот“ (1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и Италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе