Во вториот дел, публиката ќе може да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца, а настапува Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, концерт мајстор Верица Ламбевска, кореограф Саша Евтимова, а светло дизајн Милчо Александров.
Според најавите од НОБ, настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, а влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.