Доделени наградите на Скопската фото недела

Ани и Дими, Кристијан Теодоров, Ангел Анеловски, Тwo Clicks, Влатко Рафески, 3D Baba и Томислав Георгиев, беа дел од овогодинешните предавачи, а публиката можеше директно да поставува прашања и да експериментира со своите објективи во реално време.

Оваа година во рамките на скопската фото недела беше објавен и конкурс за најдобра фотографија на Скопје а во категорија од речиси 1200 пристигнати апликации од кои над 800 кои беа постирани на Инстаграм на хаштагот #SPW2020, 9 членото жири ги додели и паричните награди. 

Првата награда од 50.000 денари ја доби Кристина Нановиќ, со фотографијата насловена „Early morning“.

Втората награда од 25.000 денари ја доби Александар Стојчевски, со фотографијата насловена „ЕВН“.  

Третата награда од  15.000 денари ја доби Александар Атанасовски, со фотографијата насловена „Рибарот под камениот мост“.  

Посебна награда за најдобра „инста фотка“ во висина од 10.000 денари ја доби корисничката @anemichaela и нејзината фотографија од ГТЦ. 

Дополнително жирито и организаторите селектираа и уште 20 најдобри фотографии кои беа пријавени а кои ќе бидат дел од богатото наследство кое го гради скопската фото недела.

 

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе