Денес се чекаат номинациите за Оскар, „Медена земја“ во потесен избор во две категории

Американската филмска академија денеска во 14:18 часот по средноевропско време треба да ги соопшти номинациите за Оскар во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ е во потесен избор во две категории-за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Членовите на Академијата до 7 јануари 2020 година гласаа за потесниот избор на филмови во девет категории откако скратените листи беа објавени на 16 декември.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му се новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава“ и јужнокорејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо – минатогодишниот добитник на „Златна палма“, и уште  седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.

Доколку „Медена земја“ добие номинации за „Оскар“ во двете категории, ќе биде прв македонски филм со таков успех.

Преносот од објавувањето на номинациите ќе може да се следи преку www.oscar.go.com и преку профилите на Академијата на Фејсбук, Твитер и на Јутјуб.

Инаку, церемонијата на доделување на Оскар ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе